Денеска е задушница

Денеска Св. маченици Маркијан и Мартириј.

По смртта на цар Константин, на римскиот престол дојде Констанциј, неговиот син. Тој се имаше приклонето кон ариевата ерес. Во тоа време аријанците успеаа да го сменат правоверниот цариградски патријарх Павле и на негово место да доведат епископ-аријанец. Овие Маркијан и Мартириј служеа во време на Павле во соборната црква. Аријанците прво се обидоа да ги потплатат и да ги привлечат кон себе, а кога овие одбија, ги осудија на смрт. Свети Маркијан и Мартириј пострадаа маченички за Христа во 355 година. Подоцна, свети Јован Златоуст изгради црква врз нивните мошти.

Денешниот ден e Задушница, кој се одбележува 23 недели по Педесетница. На овој ден се оди во црква и на гробишта.

 
 
07.11.2015 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега