ФОТО: Што направи Трајковски за 100 дена во Гази Баба?
-По добивањето на довербата од граѓаните уште во првиот круг на локалните избори во соработка со советот на општината продолживме со реализација на капиталните проекти во насока општина Гази Баба да биде посакувано место за живеење и место со одлични услови за отпочнување и градење на бизнис, истакна градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.
Еве дел од проектите кои за изминативе 100 дена ги реализирала општината:
-Продолживме со изградбата на фекалната канализација во Стајковци со што комплетно се заврши примарната мрежа во должина од 7км која ја градевме во соработка со владата на РМ а во соработка со граѓаните се изгради 10км секундарна канализација до септември се планира комплетно да се изгради останатаа мрежа односно уште 2км
- Во соработка со ЈП Водовод и канализација започнавме со замена на 5,5км водоводна мрежа во н.м. Стајковци досега се заменија 2км и за два месеца се планира комплетна реализација на овој проект
-Се изгради фекална канализација на крак на ул.18 во должина од 200м во н.м. Инџиково во соработка со граѓаните.
-Во тек е реализација на проектот изградба на фекална канализација за н.м. Гоце Делчев и Трубарево.
-Се изгради фекална канализација во Тумба Маџари во должина од 2,1 км во соработка со граѓаните.
-Се изгради таложник кај резервоарот во с. Раштак со што се обезбеди поквалитетна вода за пиење.
-Санирани се улици во н.м. Брњарци, Трубарево, Тумба Маџари, Керамидница и Стајковци со поставување на гребен асфалт или тампон.
-Направена е санација на приодот од ул. К. Металец кон здрвствениот дом Железара.
-Изградена е пешачка патека кај црквата во с. Смилковци.
-Се асфалтираше улицата која ги спојува улиците Сречко Пужалка и Ченто.
-Се започна со уредување на новиот парк во населба Ченто со поставување на пешачки патеки и осветлување, а во моментов се работи на поставување на систем за наводнување, засадување со трева и поставување на детско игралиште.
-Отпочнавме со изградба на мултифункционално игралиште во Керамидница.
- Ја завршивме последната фаза од замената на покривот на ОУ Дане Крапчев така што сега комплетно е заменет стариот покрив кој во минатото протекуваше.
-Во соработка со Владта на Република Македонија во моментов се работи на санација на покривот на ООУ “25 Мај” во Ченто. Во соработка со USAID се изгради пристапна патека во OОУ “Крсте Мисирков”
-Се изгради пристапна патека за учениците во ОУ 25 Мај и се замени дел од оградата со нова ограда.
- Во тек се активности за изградба на котларата и оградата за новата градинка во Јурумлери која од први септември ќе започне со работа.
-Се уреди простор во село Раштак кој ќе може да се користи како планинарско рекреативна патека со поставување на летниковци, клупи, канти за отпадоци и соодветни патокази.
- Во соработка со ЈП Водостопанство Скопско поле се работеше на расчистување на каналската мрежа во должина од 4 км се расчистија каналите Русков и Топлик во Трубарево, канали во Ченто и канали во Инџиково.
- Во соработка со МТСП се отпочна со санација на киното Маџари односно ќе се направи простор за дневен центар за стари лица, народна кујна и простор за урбана заедница. Се отвори пензионерски клуб во Јурумлери
-Во соработка со ЈСП се започна со замена на старите настрешници за автобуските постојки.
- Во тек е постапка за избор на фирма која ќе работи на изградба на новото ОУ Глигор Прличев во Железара односно следната недела ќе биде изборот на фирмата и во втората половина од месец август ќе започнеме со изградна на новото ОУ. Средствата ги обезбеди Општината од кредит од Светска банка.
-Успешнo се започна со реализација на програмата за култура се организираа следниве културни манифестации- Големата мајка, Ликовна колонија Виниче, во чест на св Кирил и Методиј, Етно денови во Гази Баба, меѓународниот фолклорен фестивал и во следниот период продолжуваме со планираните културни манифестации, информираше градоначалникот.
Трајковски додаде дека се доопремила ЈКП Гази Баба со едно мултифункционално возило со кое може да се врши пренос на товар и работници и еден трактор кој летниот период од годината ќе се користи за косење на тревата, а во зима за расчистување на снегот. Во меѓувреме биле ангажираа дополнителни 10 сезонски работници така што во моментов 60 сезонски работници работат и се грижат за хигиената низ населените места.