Труејќи кучиња ќе отруете деца - Аеродром со апел до скопјани

Деновиве, во Општина Аеродром, поточно во населбата Стар Аеродром е забележано труење на кучиња, а пред се на мачките скитници, при што страдаат и домашните миленици, информираат од Општината.

-Општина Аеродром иако досега, неколку пати упати апел, повторно апелира до несовесните граѓани да не ги трујат кучињата и мачките скитници, бидејќи поставувањето отровни мамки претставува голема опасност за децата, граѓаните и домашните миленици, стои во соопштението од општината Аеродром

Комуналната инспекција на Аеродром постојано е на терен и патролира по зелените површини, како и на локациите каде е забележана ваква појава, меѓутоа многу е тешко да се откријат кои се сторителите и да се пријават во полиција.

 

Инаку, според надлежностите во рамки на Законот за Град Скопје, третирањето на кучињата скитници е под ингеренции на градските служби. Пријавувањето на кучињата скитници и на други улични животни, како и мрши се врши во службите на ЈП „Комунална хигиена”.

најчитано сега