ФОТО: Нова индиска инвестиција во Скопје - интернационална градинка никна во Тафталиџе
Уште една индиска инвестиција во Македонија. Денеска во скопско Тафталиџе беше отворена приватна интернационална градинка „Сент Пол“, која ќе згрижи 50 деца поделени во четири групи. Во новата градинка ќе се учи на македонски и англиски јазик.
Откако пред две години беа во посета на Македонија, Индијците одлучија да вложат пари во образованието на најмладите.
Менаџерот на Цел Глобал, Амриш Чандра се заблагодари за поддршката на Министерството за образование и Министератвото за труд и социјална политика, од кои добиле силна поддршка за спроведување на инвестицијата
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов дека токму згружувањето и воспитувањето на најмладите е еден од основните приоритети на МТСП и Владата
-Особено ме радува што оваа компанија започна да инвестира во системот за воспитување на деца од предучилишна возраст, верувам дека ова е само почеток на една долга соработка која ќе поттикне и други странски и домашни компании да инвестираат во отворање на приватни градинки, вели Спасов.
Генералниот менаџер Гурав Семвал ја опиша градинката како магичен свет полн со возбуда во кој ќе се учи и истражува.