ФОТО: Еве што разгледуваше Коце Трајановски во Фиренца
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, при денешната посета на Фиренца, Италија, потсети дека во јануари годинава Градот Скопје со конзорциумот составен од FCL AMBIENTE SRL и UNIECO SCC COOP од Италија потпиша договор за заедничко вложување во Јавното претпријатие депонија „Дрисла“ – Скопје, со цел вршење концесиска дејност во траење од 35 години. Оваа компанија треба да изврши санирање на постојната депонија „Дрисла“, отплинување на депонијата и да направи нови секции или ќелии во кои ќе биде депониран отпадот од кој понатаму ќе се произведува енергија. Ќе се изгради и постројка за третирање градежен шут и компостара.
- Она што Град Скопје ќе го добие е 20 отсто од профитот во претпријатието „Дрисла“. Според студијата направена од страна на Светска Банка и понудата на ФЦЛ Амбиенте, се предвидува да има профит од околу 5 милиони евра годишно или околу 1 милион евра за Град Скопје. Втората погодност што е многу значајна е тоа што ќе го третираме отпадот од неговото собирање се до депонирањето, на еден современ и европски начин - изјави градоначалникот Трајановски, по посетата на депонијата „Белведере“.
Повеќе детали за посетата на Трајановски на Фиренца, прочитајте тука!