ВИДЕО: Снобовски муабет ја “здиве“ водителката - погледнете ја оваа скандалозна утринска емисија

Нов хит на YouTube! Во утринската емисија This Morning, кај 32 годишната водителка Holly Willoughby гостуваше британската риалити ѕвезда Кејти Хопкинс. Кејти со своите изјави ја шокираше и водителката и публиката. Таа во интервјуто истакна дека пријателите на своите деца ги бира по нивните имиња.

За неа, детските имиња Шантел, Шармеин, Шардоне, Тајлер припаѓаат на “ниската, проблематична класа“, па нејзините деца немаат пријатели со такви имиња.

- Многу можеш да дознаеш од нечие име. Преку имињата дознавам од која класа доаѓа тоа дете и си го поставувам прашањата - Сакам ли моите деца да си играат со нив? Шардоне... Па не сакам моите деца да си играат со некој кој го добиул своето име по шише вино, истакна Кејти во емисијата.

 

Водителката Холи, нервозно и одговори на соговорничката дека тоа што го прави е снобовски и дека е преполна со предрасуди.

-Зошто би го направила тоа? Зошто? Не ми е јасно. Послушај се, тоа што го зборуваш е грозно, рече водителката. На крајот таа “пукна“ и и се обрати на својата гостинка: „Е сега престани, престани, доста е, нема веќе да зборуваме за тоа!“.

Видеото предизвика огромна заинтересираност и засега има преку 5 милиони прегледи на Youtube.