Убиени 29 ученици и еден наставник во училиште во Нигерија - исламските екстремисти повторно го расплакаа светот

 

Исламски екстремисти убија денеска 29 ученици и еден наставник во напад врз средно училиште со интернат во североисточниот дел од Нигерија.

Дел од преживеаните во нападот тврдат дека дел од децата се живи запалени во нападот пред зори врз средно училиште.

Според западни медиуми, за нападот најверојатно одоговорни се од екстремистичката група Боко Харам. Десетици училишта беа опожарени и непознат број деца убиени меѓу повеќе од 1.600 жртви од екстремистите од 2010 година досега на североисток во Нигерија.