Уапсен најбараниот нарко-шверцер во Европа

Од Министерството за одбрана на Колумбија информираат дека во Богота е уапсен човекот кој се смета за најбаран нарко-шверцер во Европа.

Според Министерството, Роберто Панунци кој се смета за еден од шефовите на калабриската мафија, доставувал секој месец по околу два тона кокаин на европскиот континент.

 Панунци кој патувал со лажен пасош на Венецуела, бил приведен со помош на Агенцијата за борба со наркотици на САД, информираат од колумбиското Министерство.

најчитано сега