Министерот Попоски во Луксембург на состанок на ЕУ за мигрантската криза

Министерот за надворешни работи Никола Попоски на покана на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и неговиот колега од Луксембург Жан Аселборн, денеска во Луксембург, ќе учествува на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати за членство - Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.

Како што соопшти МНР, дискусиите на состанокот, кој почна вчера, се фокусирани на актуелната миграциска криза, која потекнува од земјите од јужното соседство на ЕУ, како и нејзиното менаџирање од страна на земјите-кандидати кои се соочени со масовен наплив на илегални мигранти.

На маргините на состанокот, предвидено е министерот Попоски да оствари билатерални средби со своите колеги од земјите-членки на ЕУ. 

 

 

Оцени ја веста

05.09.2015 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега