Уживајте во сончевото време - од утре нè очекува промена

Времето претпладнево во Македонија ќе биде сончево и многу топло, а попладне во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 32 до 38 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево и топло, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 38 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

И денеска поголем дел од земјата ќе се наоѓа во портокалова фаза. Од недела попладне ќе има значителна промена на времето проследена со засилен ветер, локален дожд и опаѓање на дневната температура особено во западните и северните делови. Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди, а дневната температура ќе биде пониска за околу шест степени. 

 

 

Оцени ја веста

05.09.2015 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа