Димовски се пошегува: „Да немаше камери, ќе одберевте хаус-мајстор за потпретседател на Собранието“

Пратеникот Илија Димовски не ја пропушти приликата на седницата на која се избираше потпретседател на Собранието на Република Македонија од редовите на опозицијата, да ги потсети опозиционерите дека кадровото решение кое го нудат е веројатно најдоброто што го имаат, воедно најавувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи кандидатурата на Рената Треневска-Десковска за потпретседател на Парламентот, но дека нудат солидни кадри само кога се вклучени камерите и будното око на јавноста.

„Добар е предлогот за Рената Треневска-Десковска, веројавно по CV таа е најдобриот кандидат кој што сте можеле да го изберете од пратеничката група, потенцирам дека обврската за да избереме потпретседател од опозиција сами сме си ја ставиле, заради тоа што сметаме дека така треба да се развива демократијата, но сепак имам сомнеж, да немаше јавност, да немаше камери собранието да не беше орган чија што работа 24 часа се пренесува на телевизија, дали можеби ќе предложевте хаус-мајстор за градежен инспектор“.

Димовски се пошегува дека доколку не беа вклучени камерите, веројатно и кандидатот за потпретседател на СДСМ би бил избран по принципот на преквалификација „од хаус-мајстор во градежен инспектор“, случај кој на јавноста и е познат од инспекциите на општина Центар чија хајка кон владеачката партија и новиот објект на ВМРО-ДПМНЕ ја предводи главниот инспектор Кочо Стојчески, порано вработен како хаус-мајстор во истата оштина раководена од Андреј Жерновски.

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега