Важна вест за сите патници на градските автобуси

Поради изведување на градежни работи од страна на „ГЕИНГ Кребс унд кифер“, утре нема да се користат 4 автобуски стојалишта.

Од Град Скопје информираат дека времен режим ќе има на следниве автобуски стојалишта:

Автобуско стојалиште на бул.„Кочо Рацин“ пред Олимписки базен „Југодрво“ во правец од Црвен Крст кон Комплекс банки во период од 08.00  до 10.30 часот

Автобуско стојалиште на бул. „Партизански Одреди“ кај Соборен Храм во правец од Општина Центар кон Општина Карпош во период од 11.00 до 13.00 часот;

Автобуско стојалиште на бул. „Партизански Одреди“ пред Архив на Град Скопје во правец од Општина Карпош кон Општина Центар во период од 13.30 до 15.00 часот;

Автобуско стојалиште на бул. „Партизански Одреди“ пред Порта Буњаковец во правец од Општина Карпош кон Општина Центар во период од 15.00 до 17.30 часот.

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа