Пожари беснеат во Македонија

Според Дирекцијата за заштита и спасување во Македонија има неколку активни пожари.

Општина Македонски Брод

-Пожарот појавен во атарот на село Крапа е активен. Во гасење на пожарот се ангажирани 2 вработени од Дирекција за заштита и спасување, ТППЕ со 3 пожарникари, ШС со 9 лица, и 6 лица од месното население

-Пожарот кај место викано Царовец  во атарот на село Крапа е активен, и на лице место за гасење се ангажирани ШС со 5 лица. Поради обемот на пожарот противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување ќе бидат 

ангажирани за гасење на овој пожар.(од овој пожар и горенаведениот опожарена е површина од 40 хектари)

-Пожарот во место викано Пела на село Слатина е изгаснат во 13.30 часот. На терен дежураат екипи од ШС со 5 лица

-Појавен пожар кај село Слатина, место викано Слатински извори во 15.30 часот. Пожарот е локализиран на 04.09 2015 година во 10.00, и е изгаснат во 11.30 часот. Во негово беа ангажирани ШС со 6 лица

-Појавениот пожар помеѓу селата Вир и Локвица  е изгаснат во 13.30 часот. Во гасење на пожарот беа ангажирани ШС со 4 лица.  Опожарена е површина од 15 хектари.

Општина Струга

Во атарот на село Ливада појавен е пожар, гори стрниште.Пожарот е појавен во 12.30 часот на 04.09 2015, и  локализиран во попладневите часови. Во гасење на пожарот учестуваа и сеуште се на лице место ТППЕ со 1 возило со 3 

пожарникари

Општина Куманово

-Појавениот пожар кај село Костурник и село Табановце на сува трева е изгаснат  во 13.00.Во гасење на пожарот беа ангажирани од ТППЕ со 1 возило и 3 пожарникари

- Пожар кај село Орашац е повторно активиран во 13.25 часот. Гасењето на пожарот е во тек и во негово гасење се ангажирани ТППЕ со 1 возило и 3 пожарникари.

Општина Велес

- Кај село Војница месноста Пашин Мост појавен е пожар каде гори сува трева со опасност за лозови насади. Пожарот е појавен во 13.15 часот. На лице место за гасење на пожарот се ангажирани ТППЕ со 4 пожарникари и ЈП со 4 лица.

-Пожарот кај село Буслици е повторно активен и има зафатено долга површина и постои опасност за проширување. Во гасење на пожарот се ангажираниТППЕ со 4 пожарникари, ШС со 2 лица, ЈП со 3 лица

Општина Ресен

Појавен пожар во Преспа кај село Грнчари на сува трева. Пожарот е појавен во 10.00 и е изгаснат во 11.30 часот. Во гасење на пожарот беа ангажирани ТППЕ со 6 пожарникари и ШС со 14 возила.

Општина Дебар

Појавен пожар во село Елевци на отворен простор, мешана шума, сува трева. Пожарот се појавил во 11.00, и е изгаснат во 13.00 часот. Во гасење на пожарот беа ангажирани ТППЕ со 3 пожарникари и ШС со 2 лица

Општина Чешиново Облешево

-Кај село Бање појавен појавен пожар  на 03. 09 2015 година. Изгорена е сува трева и стрништа, 30 хектари. Појавен е во 20. 00 часот, а е ликвидиран на 04.09 2015 година во 11.30 часот. Во гасење на пожарот беа ангажирани ТППЕ 

со 7 пожарникари

Општина Кавадарци

Кај Росоман во реонот помеѓу селата Дебриште. Мрзен и Ореовец и Камен дол, пожарот повторно се активирал и тоа, освен на сува трева и жбун,е  зафатена и ретка нискостеблеста шума. Опожарена е површина од 20 хектари. Во гасење на пожарот беа ангажирани противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, ТППЕ со 1 возило и 5 пожарникари, ШС со 15 лица. Пожарот е локализиран во попладневните часови, и три лица од општина Росоман дежураат на терен.

Општина Прилеп

Појавен е пожар на место викано Леково. Во гасење на пожарот се ангажирани ТППЕ со 4 пожарникари и АРМ со 1 возило и 12 војници Дирекцијата за заштита и спасување, преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата на теренот  во врска со настанатите пожари и за секој ново настаната состојба во континуитет ќе ве известува.

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега