Објавен конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2016

Министерството за култура ги објави Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2016 година, по одделни области и за одделни активности од културата.

Министерството за култура соопшти дека во конкурсите се содржани условите за учество, како и критериумите и мерилата по одделни дејности според кои стручните комисии ќе вршат евалуација на пристигнатите проекти. Годишните конкурси траат 45  дена од денот на објавувањето.

Согласно измените и дополнувањата на Законот за културата објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/14, Годишните конкурси од минатата година, наместо во мај, се објавуваат во септември. 

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега