Градоначалникот Заев ги лаже струмичани

Струмичкиот градоначалник Зоран Заев на телевизија јавно вети и не исполни изградба на градинка во село Куклиш. Тоа не му преставуваше проблем и никака обврска, после цели 6 години градинката иако ветена, не е изградена.

-Ќе пуштиме во употреба детска градинка во Куклиш и просторот ќе го уредиме во новата зграда која е во карабина фаза, рече Заев, но не го исполни ветувањето.

За жителите на Куклиш Зоран Заев е човек кој не си стои на зборот и кој само ветува, а ништо не исполнува. Наместо да доаѓа во посети и да ги ислуша проблемите на граѓаните, како што прават сите останати градоначалници, тој во Куклиш доаѓа од избори на избори, ќе дојде ќе ни вети се и сешто и ништо од тоа нема да направи. Само не лаже, не оваа година туку наредната и така поминаа години. Ова се дел од коментарите од жителите на Куклиш кои револтирани од неисполнетите ветувања на Заев, пишува Курир.

-Еве сме на лице место, нема ништо од ветената градинка на Заев. Ниту Заев ги посети граѓаните на Куклиш ниту ум објасни каде е градинката која јавно ја ветува цели 6 години. Тој во 2010 година вети дека за една година ќе изгради градинка, а еве тој нема ниту почнато. Родителите од Куклиш продолжуваат со својот проблем за згрижување на своите деца. Оваа лага на Заев е дел од серијата лаги кои тој со години ги упатува кон жителите на Куклиш и цела Струмица, потценувајќи ги, сметајќи дека може да ги лаже граѓаните како што тој сака, вели Бобан Малинов, жител на Куклиш.

Револтираните граѓани му порачаа на Заев наместо соопштенија, да дојде да ги посети и да им објасни зошто населеното место со над 3000 жители и со околу 100 деца од претшколска возраст, е без градинка.

-Ова е само една од лагите на Заев и неговото нечесно работење. Струмица е најмалку интерес на Заев. Општина Струмица работи без градоначалник и затоа Заев треба да се повлече од позицијата градоначалник на Струмица. Струмица заслужува подобро и повеќе, порачаа граѓаните.

За ова прес одржа и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ каде од Струмичко Куклиш побараа одговорност од Заев. Наспроти ова, Заев иако не работи, Централната власт продолжува со инвестиции. Граѓаните на Куклиш задоволни од функционирањето на хидросистемот Маркова река кој Груевски официјално го пушти во употреба минатата недела. Со ова инвестиција од околу 1 милион евра се решава значаен проблем на земјоделците од Куклиш, Свидовица и Градско Балдовци.

-Ќе биде попрактично за земјоделците, ќе нема потреба бензин да трошат и во секое време ќе има вода... Многу полесно е, многу подобро... Сега сме задоволни, но дали ќе има редовно вода не се знае, но треба да се прави распоред на водата. Ќе биде подобро, ќе се скрати од бензинот, ќе има помала потрошувачка. Секоја недела по 50, по 60 литри бензин трошиме... Подобро ќе биде, илјада пати, велат граѓани на Куклиш.

Исто така, друга значајна инвестиција е изградбата и адаптирање на објект на министерството за финансии во центарот на Струмица каде Проектот е вреден 1,1 милион евра, средства обезбедени од Буџетот на државата. Тука ќе бидат сместени повеќе институции кои ќе им бидат на располагање на струмичките граѓани, како што се подрачните одделенија на Управата за имотно-правни работи, на УЈП, на Агенцијата за катастар на недвижности и на Управата за матична евиденција. Сите овие институции ќе бидат на едно место и граѓаните без да шетаат од едно на друго место ќе можат да си завршат работа и да ги извадат потребните документи.

Граѓаните задоволни од ваквиот проект порачуваат дека ова е значајно за развојот на Струмица, за развој на животот во стариот дел на Струмица и од функција за нивните потреби.

- Луѓето чувствуваат дека градот ќе заживее, да биде град, не само тоа, сега ќе се отвори стариот театар, вели еден жител на Струмица.

- Дуќаните што беа напуштени веќе се закупени и местото навистина ќе се развие. Кога беше тука министерството си имаше работа, народ се движеше. Мислам дека тоа е добар потег и тој дел на градот ќе се развие и ќе се добие градскиот карактер, што е многу важно, додава друг граѓанин.

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега