Од недела заладување, дожд и ветер

Од недела попладне се очекува значителна промена на времето со зголемена облачност, локален дожд и умерен до засилен западен ветер над 60 километри на час кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика осетно опаѓање на температурата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Заладувањето ќе биде поизразено во северните делови од земјата, а во останатите подрачја ќе се почувствува од понеделник, кога ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди.

Дневната температура ќе биде пониска за околу шест до седум степени во однос на денешната и ќе се движи од 24 до 30 степени, а слични температури се очекуваат и во текот на целата недела.

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега