СДСМ и СОРОС не знаат каде се движат - плукаа по обвнинителството, па го воспеваат, сега плукаат по Судот

СДСМ и СОРОС се повеќе личат на брод без компас. Добро е тоа што најголемата опозициска партија и соросовите платеници го воспеваат обвинителството кое до вчера го плукаа, но сега треба да престанат да плукаат по судот кој донесено уставно и законски цврсто базирана одлука, коментираат експертите.

Немање на конзистентност во ставовите, настап само заради маркетинг и дневни потреби без суштина и аргументи се главна карактеристика на опозицијата и нејзините подржувачи. Нервозата на Бихаќка од извесноста од следниот пораз на изборите кулминира. СДСМ очајно се обидува да влијае позитивно врз демотивираното и апатично членство, но наместо резултати само ја продлабочуваат агонијата во сопствените редови.

СДСМ и соросовите инсталации цела година водеа жестока кампања врз обвинителството, со безброј навреди, плукања, омаловажувања врз обвинителите, со сеење на деизнформации за наводна спрега помеѓу обвинителството и Владата, за од вчера да ја сменат плочата и дијаметрално спротивно да почнат да гуслаат воспевни песни за тоа дека обвинителството се спротивставило на кристално јасната и законски силно втемелена одлука на судот незаконските стекнати прислушкувани матетријали да се изземат од понатамошното постапување.

Одлуката која ја донесе судот е јасна и прецизна, базирана на закони кои се подготвувани од експертите на СДСМ како Гордан Калајџиев и Гордана Бужароска, базирана на законска норма која ја има отсекогаш во македонските закони.  Таква норма има и во законите на САД, Шпанија, Италија, Холандија, Белгија, Грција, Кипар, Малта, Португалија, Ирска и многу други. Македонскиот суд донесе одлука каква што во минатото донесувале и каква што би донеле и шпанскиот, португалскиот, американскиот, италијанскиот и другите европски судови.

Според правото во Грција, правниот режим на доказите прибавени со предизвикување на повреда на заштитата на приватниот живот е регулиран со Уставот. Став 3 од член 19 од Уставот на Грција, усвоен со уставните измени од 2001, предрвидува дека „користењето на докази прибавени со повреда на правата од овој член (заштита на тајната на кореспонденцијата и комуникацијата генерално) како и членовите 9 (заштита на приватниот живот, фамилијарниот живот и домицилот) и 9А (заштита на личните податоци) е забрането.“

Член 191 од Законот за кривична постапка на Италија ја уредува допуштеноста на доказите во кривичната постапка во Италија. Според оваа одредба, доказите прибавени со предизвикување на повреда на забраните предвидени со закон, не можат да бидат употребени.

Кога Шпанија е во прашање, во Органскиот Закон 6/1985 од 1 јули за судската власт, во член 11.1 се вели дека „доказите прибавени директно или индиректно со повреда на фундаменталните слободи и права не можат да предизвикуваат правни ефекти“.

Уставот на Португалија во член 32 предвидува дека доказите прибавени преку упад во приватниот живот (како овие на Заев), особено преку следење на комуникациите, ќе се сметаат за ништовни. Се смета дека кривичниот прогон во никој случај не ја легитимира употребата на неовластено прибавени докази.

Членот 359 а од Законот за кривична постапка на Холандија предвидува дека доказите обезбедени со кршење на човековите права, вклучително и правото на приватност, се исклучуваат и неможат да послужат како докази во прилог на обвинението, па дури и недопуштеност на обвинението, доколку доказите во прилог на истото биле обезбедени со серизоно прекршување на човековите права.

Во Ирска, пак, прибавувањето на докази за кое ќе се констатира дека било свесно и намерно направено на начин со кој се кршат уставните и законските гаранции за заштита на правото на приватен живот (како што Заев и Верушевски тоа го направија) неминовно ќе доведе до изземање на таквите докази, односно нивно прогласување за недопуштени во текот на кривична постапка во која истите биле предложени.

Во носењето на одлуката судот го почитувал законот што постои и ги следел искуствата и на Европскиот суд за човекови права кои говорат дека не може незаконски стекнат материјал или стекнат материјал со кој се повредуваат човековите права и слободи и законите да се користи во судска постапка.

Никогаш не било дозволено да се користат незаконски снимени материјали

-Колку што мене ми е познато, таа одлука е на право место и во право време донесена за да почнат да се местат коцките во врска со ситуацијата во земјава заради тоа што никогаш досега во правосудниот систем не било дозволено да се користат незаконски снимени аудиовизуелни материјали.

Ваков е ставот на поранешниот судија на Врховниот суд Павел Манев, по одлуката на Основниот суд Скопје 2 дека доказите за прислушување се незаконски прибавени и како такви не можат да бидат користени во кривична постапка.  

-Јас не знам од каде им е таквото мислење дека можело тоа да се користи, дека постоел некој виши интерес да се користат такви материјали. Според мене, постои еден единствен виш интерес, а тоа е примена на Уставот и Законот. Тука се содржани сите интереси на општеството. Ако правилно се користат, ќе се види дека вака снимени аудиовизуелни материјали не можат да бидат употребени како доказ во кривични постапки. Никогаш такви материјали не биле употребувани во кривична постапка. Јас можам да кажам како било во минатото, сум бил 40 години активен судија, во повеќе судови на државата и од 1982 година до моето пензионирање сум бил судија на Врховниот суд, претежно сум работел кривични предмети и знам дека кога ќе имаше ваков случај на прибавен доказ на нелегален начин или по предлог на странката, по одлука на судот по службена должност, се одвојувале тие списи и се чувале на одредено место, вели Манев.

Тој додава дека има еден куп прописи во Законот за кривична постапка кои определуваат кога може да се сними еден ваков материјал.

СДСМ призна дека обвинителството е професионално и независно

Конечно е добро што СДСМ призна дека обвинителството е професионално и независно. Конечно паднаа маските и се виде дека СДСМ цела година без никаков аргумент џабе само плукаше по институцијата обвинителство и тоа сега со вакбвиот пресврт во ставовите им се лупна од глава.

Обвинителството има право на жалба на судските одлуки. Обвинитеслтвото е странка во постапката и нормално е да испрати жалба и тоа треба да се почитува. Впрочем во најголем дел од случаите обвинителите упатуваат жалби на судските одлуки, во над 95% од случаите.

Она што сега е најбитно е да се остави на повисокиот суд да се произнесе, слободно и без притисоци. Тоа е она што СДСМ не го разбира и продолжува грубо, дрско и брутално да го напаѓа судиот, да го омаловажува, да го притиска, и брутално да се пресметува со македонските судии, и тоа го нема никаде во европа.

Како што до вчера со арсенал од навреди го маваа обвинитеслтвото, денес сдсм го мава судот. Тоа го прави единстевно од маркетингшки причини. На целата правничка, интелектуална но и на општаат јавност и е кристално јасно дека основниот суд донел комплетно законска одлука.

Голем број на ескепрти и правници дадоа милсење дека судот законски работел.

-Како адвокат во предмети во кои сум учествувал, а и не сум учествувал, сум ги следел, во судската постапка често се практикува ваквото барање на одбраната преку овластените адвокати, бранителите, за издвојување на закони прибавени на незаконит начин и нивно отстранување од списите на предметот. Постојат значителен број на предмети во кои се уважува ова барање, тоа сум го имал и во мојата пракса, но има уште позначителен број на предмети во коишто не се усвоени ваквите барања, туку потоа во второстепена или третостепена постапка да се укинуваат тие одлуки со коишто се одбивани тие барања. Но, за жал, таквите судски одлуки не можат да ги поправат последиците од непримената на законот, смета адвокатот Димитар Дангов.

Според адвокатот Љубчо Наумовски, во конкретниов случај, доколку судијата на претходна постапка утврди дека доказите се прибавени на незаконит начин, без разлика во која фаза на постапката и да е следува носење на решение за издвојување на тие докази од предметот.

- Значи тие не може понатаму да се користат во истражна, предистражна постапка, во било која фаза од кривичната постапка тие докази не може да се користат, нити пак врз основа на тие докази може да се заснова судска одлука. Од тоа произлегува дека до фаза до завршување на истражната постапка такво решение носи судијата на претходна постапка, а натаму решение за издвојување на доказите по подигнување на обвинение носи Советот која ја цени законитоста на обвинителниот акт. Така да, сметам дека вака донесеното решение е законски, истакна Наумовски.

Повисокиот суд ќе се произнесе за одлуката на понискиот суд  и тоа треба да го направи ослободен и растоварен од било каков притисок. Поранешниот врховен судија дека судовите треба да бидат оставени на мира да си ја донесат својата одлука како што знаат и умеат.

-Тие секако знаат и умеат да ја донесат одлуката како што треба според Законот. Не би сакал да се пуштам и надоврзам на ситуацијата во земјата со која се врши напад во прилог или против одлуката. Мислам дека судовите ќе знаат да си ја наместат работата како што треба, заклучува Манев.

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега