„Во автобус со нашиот Градоначалник“: Стојановски ги слушна мислењата на граѓаните

Во рамките на проектот градоначалникот Жика Стојановски, во автобусите на јавниот превоз и на автобуските постојки, оствари средби со граѓаните, на кои имаше можност непосредно да ги слушне нивните мислења за квалитетот на јавниот превоз, но и за вкупните состојби во општината.

Проектот „Во автобус со нашиот Градоначалник” и директните средби на градоначалникот, се имплементираат со цел преку непосреден директен контакт, граѓаните да можат да ги искажат своите мислења, забелешки, сугестии и предлози за функционирањето на локалната самоуправа.

2500IMG 9710

Ова е еден од 10-те начини кои општина Илинден ги применува за поголема транспаретност, комуникација и интерактивност со своите граѓани.

Покрај овој проект граѓаните се информираат и преку: Општинскиот информатор - печатено и електронско издание, Информации од печатените и електронските медиуми, Отворена директна телефонска линија, Е-општина „Пријави проблем“, Редовно ажурирана со информации веб страница на општината (ФејсбукТвитер иЈутјуб профилите), Информативни огласни табли во населените места, Интерактивни работни средби со месните заедници, Отворен ден за средби со граѓаните (вторник и петок), Организирање на јавни презентации, трибини и собири со граѓаните, флаери, прирачници, плакати.

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега