Македонија има 9 светски личности, Кемал Ататурк е Грк, а Аркан - Словенец!?

Бостонскиот институт Масачусетс состави список од 11.000 личности кои оставиле трага во историјата на просторот на поранешна Југославија, и на него се воглавно владетели и спортисти.

Бостонскиот иснтитут за технологија (MIT) користел два критериума за правење на листата. Цезар Хидалго творец на проектот Пантеон, се потпирал на територијата во која познатите личности се родени за да ги поврзе за одредена современа држава.

Хидалго собрал листа од сите лица чие име се појавува на Википедија на најмалку 25 јазици.

Тој во истражувањето користел огромен временска рамка од 4.000 годона пред нашата ера до 2010 година.

Поради поврзување за територија, а не за националност, во листите во некои случаи делуваат чудно. Така, Србија има убедливо најмногу светски познати личности во рамки на поранешна Југославија – 62. Но, меѓу првите 20 дури 14 се римски императори, а научници и уметници има занемарливо малку. Најпознатиот српски научник Никола Тесла се наоѓа на хрватската листа, бидејќи е роден на нејзина територија.

Најпознат Црногорец во светот е Стефан Немања, а на српската листа меѓу останатите е и претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ.

Од Македонија (12 личности) според таа листа најпознати се римскиот император Јустицијан, Мајка Тереза и Птоломеј Први Сотер, генерал на Александар Македонски.

Од Словенија има 15 личности – најпознат е хемичарот Фриц Прегл и филозофот Славој Жижек.

Од БиХ – 27 личности – најпознати се Гаврило Принцип, Иво Андриќ и Емир Кустурица.

Хрватска (50 личности) – најпознат е римскиот император Диоклецијан, следуваат Никола Тесла, Јосип Броз Тито…

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега