Се наоѓа во Македонија, а светските геолози го нарекуваат најголема тајна на човештвото

Македонија е место каде постојат природни богатства каде ги нема никаде на друго место во светот, а ние многу малку сме запознаени со нив.

Таков е примерот со рудникот Алшар.  Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот.

Алшар се наоѓа на планината  Кожуф во кој за првпат е откриен талиумовиот минерал лорандит. Денешното име на рудникот е кратенка од првите букви на имињата на луѓето што управувале со него во првата половина на 20-от век: Алатини, француско банкарско семејство и Шарто, рударскиот инженер.

Tалиумот е цврст сив метал и е токсичен. Употребуван е во електронската индустрија и за изработка на стакло. Исто така е употребуван и во отров за глувци и инсектициди. Лорандит или талиумов арсеничен сулфат (TlAsS2) е минерал и за првпат е пронајден во Алшар. Крстен е по унгарскиот научник Лоранд. Лорандиот е редок минерал со кој се смета дека би можело да се дојде до бесплатна енергија.

makedonija1

Се смета дека го има само во Македонија а можеби и во Шри Ланка.

Во македонскиот рудник Алшар на Кожуф има и лорандит, минерал на талиумот, кој служи за да се детектира, да се лоцира неутринот, кој пак има директно потекло од Сонцето и единствено на планетата го има тука. Талиумот во Алшар, а со тоа и неутринот, по своето количество е светски, планетарен раритет. Ако се успее да се одвои неутринот од талиумот, нашата планетарна наука ќе ги разбере процесите со чија помош се генерира енергијата на Сонцето.

Најреномираните геолози овој рудник го нарекуваат најчувана тајна на нашата планета. Некои него го вреднуваат и како најголема тајна на човештвото, бидејќи во неговата утроба, наводно, се криела тајната на постанокот на космосот и на Сончевиот систем.

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега