Нови тоалети во гимназијата во Велес

Со средства од Министерството за образование и наука во висина од 10 милиони денари комплетно ќе се реновираат старите и дотраени тоалети во Гимназија „Кочо Рацин“ во Велес
 
Како што информира на денешната прес-конференција директорот Сашко Андреевски, реновирањето  ќе започне за десетина дена и ќе трае 45 дена, а тоа нема да пречи на одвивање на наставата.
 
Освен што ќе добијат нови тоалети, велешките гимназијалци и годинава ќе бидат вклучени во програмата „Еразмо плус“ со проектот „Математички лавиринт“ вреден 136 илјади евра, преку Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност, кој ќе трае две години, од кои првата е подготвителна.
 
Како што појасни Зоран Трифунов наставник во гимназијата, со помош на наставниците по математика ќе користат слободни софтвери за изучување на математичките проблеми. Воедно ќе соработуваат и со ученици и наставници од училиште Италија и Бугарија  како и со две невладини организации и штипскиот универзитет „Гоце Делчев“.
 
- Ќе работиме со група на ученици кои со наша помош ќе ги изучуваат математичките проблеми и сето тоа што ќе се сработи ќе се сподели на веб страница што сами ќе ја креираме, потенцира Трифинов.
 
Дарко Димитров директор на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, ја истакна и досегашната добра соработка со велешката гимназија „Кочо Рацин“ која поради тоа  била и  избрана за промотор на програмата „Еразмо плус“.
 
- Овој проект е од исклучителна важност за училиштата во Македонија за да можат да учествуваат во интернационалните образовни процеси и да ги следат промените во образовниот систем во сите земји од ЕУ,  изјави Димитров. 
 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега