Ромите пензионери задоволни од новото зголемување на пензиите

Ромите пензионери ја поздравија одлуката за зголемувањето на пензиите од 1 септември. Задоволни се од покачувањето, но и од работењето на претседателот на Сојузот на пензионери на Македонија Драги Аргировски.

-Ние како пензионери сме задоволни од ставот на Владата, односно од Министерството за труд и социјална политика, кои го прифатија нашиот предлог од Сојузот линеарно да се покачат пензиите. Благодарни сме од покачувањето и благодарни сме му на Аргировски. Минималните пензии од 5-6 илјади сега веќе се зголемени на 9.000 денари. Верувам дека оваа Влада и идната Влада која ќе биде ќе најде разбирање претежно да да им се зголемат пензиите на лицата со ниски лични примања, истакна претседателот на здружението на пензионерите од општина Шуто Оризари Ариф Бекир, за Курир.

Сојузот заедно со Здруженијата на пензионери во Македонија не се партиски, вели Бекир и додадева дека секоја Влада мора да соработува со пензионерите, бидејќи бројката не е мала.

-Ние наоѓаме заеднички решенија со Аргировски и сега на ова Собрание повторно е избран Драги Аргировски за претседател на Сојузот на пензионери на Македонија, каде што има постигнато добри резултати и домаќинско работење и затоа сите 54 делегатите од сите Здруженија на пензионери едногласно се согласија и го избраа за повторен претседател, додава Бекир.

Тој го повика лидерот на ПЦЕР Самка Ибраимоски да си ја гледа политичката работа, а не да се меша во работите на пензионерите бидејќи тој не е пензионер.

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега