Голем пожар беснееше над Велес - каква е состојбата?

На ридот Гроот над Велес изгаснат e голем пожар со кој беше зафатена поголема површина дабова шума и пасишта, но се уште има жаришта.

Според информацијата од Противпожарната единица од Велес, синоќа околу 19 часот  е изгаснат  големиот пожар на ридот Гроот над Велес со кој, според првичните проценки, биле зафатени околу 200 хектари ниска дабова шума и пасишта.

Пожарот кој избувнал околу 14 часот го гаснеа екипи на ППЕ од Велес и вработени од ЈП Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес.

Како што не информираа за МИА од ППЕ, има уште неколку жаришта поради што екипи од ЈП „Македонски шуми  Шумско стопанство Бабуна“ од Велес останаа на терен, за донекаде да ја контролираат состојбата. 

Гаснењето на пожарот беше отежнато и поради ветрот кој непрекинато дуваше на овој реон.

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега