Возачите мора да ја прочитаат оваа информација

Коловозот на регионалниот патен правец Тетово-Јажинце кај с.Порој е исчистен и сообраќајот е целосно нормализиран за сите видови возила. Сепак, градежните работи на овој патен правец продолжуваат и се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина кон условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. 

 

 

Оцени ја веста

12.08.2015 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега