Со најновото зголемување, македонските просечни пензии највисоки во регионот

Просечната пензија во Македонија, со најновото зголемување од пет отсто, ќе достигне 13.100 денари или 217 евра, што е највисок износ на просечна пензија во балканскиот регион. Според експертите, ефектот од оваа владина мерка може да се набљудува од неколку аспекти.
 
- Најмногу добиваат пензионерите со ниски примања кај кои ова ќе биде линеарно зголемување од 650 денари. Од економски аспект, пензиите ќе се зголемат за пет проценти на вкупната маса на потрошувачката што ќе значи поголем оптек на пари и пазарно раздвижување, како и можност повеќе за развој на економијата, изјави експертот за пензиски систем Томе Неновски.

Според претседателот на Организацијата на пензионери на Македонија Драги Аргировски, кој присуствуваше на средбата на пензионерите од земјава кај манастирот „Свети Пантелејмон“ крај Кочани, со најновото зголемување македонските просечни пензии ќе бидат највисоки од просекот во регионот.

Околу 300 илјади пензионери во Македонија или околу 1.000 во општина Кочани директно ќе ги почувствуваат придобивките од зголемувањето на пензиите

 

 

Оцени ја веста

11.08.2015 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега