Ќерка ми плачеше по мајмунот и морав да и го украдам: Мајката раскажа за кражбата на мајмунот во скопската ЗОО

Ќерката многу плачела по мајмунот, па мајка и решила да го украде. Неверојатна приказна се крие зад кржабата на мајмунчето Лука во скопската Зоолошка градинка.
26 годишна кавадарчанка решила да го украде мајмунот од скопската Зоолошка градинка бидејќи ќерка и плачела по него секогаш кога ќе го видела. За таа цел го ангажирала и својот 31 годишен пријател исто така од Кавадарци. Дошле во Скопје со намера да го украдат мајмунот и биле комплетно подготвени за тоа. Носеле алат за да ја пресечат оградата. Ја пресекле и го извадиле мајмунот по што го ставиле во црна вреќа и ја прескокнале оградата. 
Надвор ги чекало такси. Веднаш се упатиле кон Кавадарци но полицијата пред влезот на градот ги уапсила, а ќерка и не успеала ниту да го види.

Жената и нејзиниот пријател  ќе одговараат за тешка кражба.

Вистинска среќа е што ќерката не плачела по лавот. Можело да има многу поголеми последици.

 

 

Оцени ја веста

11.08.2015 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега