Горештините продолжуваат - какво време не очекува утре?

 

Времето во Македонија ќе биде   сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне во западните и југозападните делови од земјава ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 30 до 37 степени. 

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

 УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во среда и четврток времето ќе биде малку потопло, ќе се задржи попладневната умерена облачност, но ќе биде претежно стабилно. Локални врнежи од дожд и малку посвежо време се очекуваат за време на следниот викенд.

 

 

Оцени ја веста

10.08.2015 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега