Горештините се враќаат во Македонија - какво време не очекува до крајот на неделата

Времето до крајот на денот ќе биде претежно стабилно, не е исклучено во доцните попладневни часови во крајните западни планински делови да има појава на краткотраен дожд.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено на планините во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 11 до 19, а дневната од 29 до 37 степени.  УВ = 8

Во Скопје утре сончево со мала до умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 35 степени.

И во наредните денови во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во вторник повеќе ќе биде застапена во западните и јужните претежно планински подрачја, а во среда и четврток се очекува појавите да бидат поретки. Дневните температури до среда ќе бидат во благ пораст, кога ќе се движат од 31 до 38 степени.

 

 

 

Оцени ја веста

10.08.2015 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа