Во Ресен пуштена во употреба зградата со социјални станови и ново тениско игралиште

Премиерот Никола Груевски денеска во општина Ресен ги пушти во употреба новата зграда со 18 социјални станови, новоизграденото тениско игралиште во ОУ „Гоце Делчев“ и новата плажа во Стење.

Зградата со социјални станови, како што нагласи премиерот, е дел од големиот проектот на Владата за изградба на станови за лица во социјален ризик и други ранливи категории граѓани.

- Проектот е одраз на нашите заложби за поддршка на многу граѓани кои се во социјален ризик и кои многу тешко или воопшто не можат да купат, изградат или да дојдат до свој стан или куќа. Зградата има 18 стана кои во наредниот период преку соодветна процедура ќе се распределат на повеќе социјално загрозени семејства од Ресен, рече Груевски.

33500132755892

Во рамките на овој проект, потсети, во фаза на градба се уште две вакви згради во Прилеп и во Македонски Брод, а наскоро ќе се отпочне со градба на уште две згради во Кочани и во Гостивар.

- На тој начин, покрај нашите активности за побрз економски развој на земјата, привлекување странски инвестиции, намалување на невработеноста, зголемување на платите, пензиите и социјалната помош, продолжуваме и со низа други мерки и политики за помош на социјално најзагрозените граѓани во Македонија, нагласи Груевски.

11500132755898

Во рамките на ОУ „Гоце Делчев“ беше пуштено во употреба ново тениско игралиште, дел од проектот на Владата за изградба на 120 тениски терени ширум Македонија. Вредноста на инвестицијата е 7 милиони денари и со неговата изградба, нагласи Груевски, се додава уште една коцка во овој спортско-рекреативен комплекс во Ресен.

- Во завршна фаза е изградбата на повеќенаменското спортско игралиште кое го градиме во централното градско подрачје. Во изминатиот период го изградивме и фудбалското игралиште во близина на регионалниот пат за Царев Двор, а неодамна во соработка со општината извршено е и доуредување на спортскиот терен на ова игралиште, рече Груевски.

1250000132755901

Активностите на Владата, нагласи премиерот, се насочени во голем број полиња каде може да му се помогне на преспанскиот регион.

- Дел од нашите активности се насочени и кон привлекување инвестиции и секако во обезбедување помош за пласман на ресенските земјоделски производи. Во финална фаза е изградба на откупно-дистрибутивниот центар Ејплленд, рече Груевски, кој очекува до крајот на септември овој центар да почне со работа со нови вработувања.

Премиерот, како и градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски, потсетија на реализација на повеќе проекти, меѓу кои реконструкција на патишта, водоводен систем, локални патишта.

 

 

Оцени ја веста

09.08.2015 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега