ФОТО: Сите го очекуваат кралското бебе - метеж пред болницата каде ќе се породи Мидлтон
Иако од Бекингемската палата тврдат дека раѓањето на „кралското бебе“ се очекува на крајот на јули, сепак, секојдневно има метеж пред болницата каде ќе се породи принцезата Кејт Мидлтон, бидејќи папараците стравуваат таа да не се породи предвреме, па да го испуштат овој важен настан.
Од Бекингемската палата повикуваат на воздржност, за да може болницата нормално да функционира.