Нафтата поскапе на светските берзи

На светските берзи нафтата денеска поскапе на над сто долари за барел.

Ова се случува како последица на кризата која го зафати Египет.

Експертите оценуваат дека ова поскапување на нафтата се должи на стравувањето на инвеститорите дека политичката криза во Египет би можела да го наруши транспортот на енергенсот низ Суецкиот Канал.

ФОТО: Телма