Пожар во близина на Охрид - дел од градот без струја

Пожар избувна попладневно на падините на планината Петрино, над населбата Бејбунар во близина на Охрид, а како причина се наведува или човечки фактор или дефект на далноводната мрежа од трафостаница.

Според информациите од Територијалната противпожарна единица од Охрид, пожарот избувнал во 13:45 часот, поради што попладнево се регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на делови на градот.

Пожарот зафати околу два хектари површина со ниска вегетација и смреки.

Во гаснењето на  пожарот се ангажирани речиси сите човечки и технички ресурси на Противпожарната единица од Охрид, како и на Националниот парк „Галичица“.

Сепак високите температури му помагаат на пожарот да се шири, како и засилениот ветар што попладнево почна на дува во Охрид.

 

 

Оцени ја веста

20.07.2015 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа