Дебата во АЕК: „Потребни реформи во јавниот радиодифузен сервис“

Денеска во просториите на АЕК беше одржана јавна и отворена дебата на тема „Потребни реформи во јавниот радиодифузен сервис“ организирана од Министерството за информатичко општество и администрација.

На дебатата учествуваше министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, директорот на МТВ Марјан Цветковски, Зоран Трајчевски директор на Агенцијата за Медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Насер Селмани претседател на ЗНМ и Слаѓана Димишкова претседател на МАН.

Целта на ваквите отворени дебати е да се отвори транспарентна дискусија, да се разменат мислења и идеи за начинот на работа на јавниот радиодифузен сервис. Од досегашната практика, по претходната дебата, беше заклучено, дека ваквиот начин на размена на мислења дава позитивни резултати.

Владата на Република Македонија на 10 февруари 2014 година донесе одлука во која што се формираше работна група која што ќе ги согледа начинот на наплата на радиодифузна такса во Република Македонија со цел да се подобри истата и да се овозможи на МТВ, на УЈП и на РП радиодифузија како и за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги да имаат повисоки приходи.

Во таа работа група, потенцираше министерот Ивановски, имаше претставници од НВО и претставници од голем број на институции, кои што на транспарентен начин дискутираа за предизвиците со кои се соочува МТВ при наплатата на радиодифузна такса.

-Од средствата кои што УЈП ги прибира во име на МРТВ 3% остануваат за УЈП, 74, 5% одат за МРТВ, 19,5 % одат за ЈП Македонска радиодифузија и 6% за Агенцијата за регулирање на развојот на медиумите а аудиовизуелните медиумски услуги, информираше Ивановски.

Тој додаде дека откако се започна со отворени дебати за предизвиците со кои се соочуваат, имало неколку дилеми, како таа дека МРТВ е зависна од Министерството за финансии или Владата кога станува збор за средствата кои што се обезбедени за потребите на МРТВ. Но од дискусијата и од фактите кои што биле презентирани се донесе заклучок дека тоа не е вистина.

-УплататМРТВ емитува програма на 5 телевизиски сервиси и 3 радио-програмски сервиси, подвлече директорот на МРТВ, Марјан Цветковски кој додаде дека на радиодифузна такса во 2011 година беше 28% е минатиот месец наплатата изнесуваше 74%, тоа значи дека состојбата е далеку подобра, но се уште треба да се работи за да се дојде до над 90%, информира министерот, додавајќи дека тоа се должи на измените кои биле спроведени во претходниот период.

додаде дека телевизијата на ниво на Европа има најголем број на јазици во својата програма. Програмата на МРТВ се дели на информативна, едукативна и забавна.

-Во 2014 година првиот програмски сервис има емитувано програма во траење од 8,760 часови заедно со сателитскиот сервис на македонски јазик и собранискиот канал емитувани се повеќе од 9,500 часови програма, истакна Цветковски.

-МРТВ се финансира од радиодифузна такса, маркетинг и од други извори на финансирање. За минатата година реалниот буџет на МРТВ изнесува 14, 5 милиони евра од кои радиодифузната такса изнесува 9,5 милиони евра, маркетингот е 1,  милион евра и наменски средтсва од буџетот на Македонија 3,9 милиони евра. За последниот квартал од оваа година наплатата на радиодифузна такса изнесува 74 %. И покрај големиот скок во приливот сите овие средства не се доволни за стабилност во работењето на МРТВ, додаде тој.

Очигледно е дека за да се постигне подобро функционирање на  јавниот радиодифузен сервис како и на ЈП македонска радиодифузија неопходно се повеќе финансиски средства за да може да се задоволат барањата на граѓаните и улогата што треба да ја исполни МРТВ како јавен сервис, бидејќи таа има поспецифична улога од комерцијалните телевизии.

-МРТВ има  потреба од дополнителни средства се со цел да ги исполни обврските кои ги има од законот за аудиовизулелни медиумски услуги бидејќи таа има и значително поголеми обврски  во делот да создава одреден број на часови на играна и документарна програмана годишно ниво, подвлече Зоран Трајчевски директор на Агенцијата за Медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги.

Од ЗНМ и од МАН сметаат дека од Буџетот на Република Македонија треба да се оддели 1% за финансирање на МРТВ.

 

 

Оцени ја веста

20.07.2015 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега