Дино Мерлин и Гоца Тржан на гробот на Тоше

Тие беа придружувани од градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески и градоначалникот на општина Крушево, Ѓорги Дамчевски.

Во емотивната посета Дино Мерлин и Гоца Тржан положија свежо цвеќе на гробот на Проески, а потоа имаа специјална тура низ спомен-куќата на Тоше во Крушево.

1dino.jpg500

„Ова ми е првпат да дојдам во Крушево и верувајте воодушевен сум! Навистина ми е жал што во животот  немав можност лично да се запознаам со Тоше Проески, но во оваа прошетка низ Крушево и низ спомен-куќата дознав многу убави работи за неговиот живот и можам само да кажам дека Тоше беше една од најголемите балкански ѕвезди“ – изјави Дино Мерлин.

Гоца Тржан емотивно ја доживеа посетата на гробот на Проески и не успеа да ги сопре солзите.

„Тоше беше прекрасна личност, добар другар, фасцинантен вокал, најдобар интерпретатор на македонските песни. Оваа посета беше емотивна за мене, затоа што навистина го сакав Тоше“ – додаде Тржан, која со нашата легенда го сними првиот негов дует во кариерата, кога се во прашање пејачите од регионот со песната „1200 милји“.

Инаку Дино Мерлин и Гоца Тржан беа сместени во хотелот „Монтана Палас“ во Крушево каде беа дојдени со нивната екипа.

2dino.jpg500

Извор: Вистина.мк

Оцени ја веста

20.07.2015 - 16:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа