Владата со засилено темпо ќе се фокусира на проектите и реализација на ветеното - СДСМ без програма

Премиерот Никола Груевски во интервјуто за Нетпрес вели дека по завршувањето на политичката криза, се враќа интензитетот со кој ќе се реализираат планираните проекти и реформи. Во однос на изборите закажани за 24 април, Груевски истакнува дека очекува победа, а неговиот оптимизам го темели, како што вели, на довербата во народот дека знае да направи вистински избор.

Дека очекувањата на премиерот за нова изборна победа се реални сметаат и експертите, кои велат дека во изминативе години, после сите изборни циклуси стана јасно кој нуди програма и истата ја исполнува, а кој со лажни ветувања бара поддршка од народот. Дополнително политичките аналитичари додаваат дека граѓаните немаат доверба во лидерот на СДСМ Зоран Заев, па токму затоа тој ја нема посакуваната поддршка од нив и доживува фијаско.

Аналитичарот Александар Пандов смета дека на изборите судот го носи народот, а кандидатите треба да бидат луѓе кои народот ги познава, кои имаат свои дела во минатото, кои имаат одлика на чест, на морал, на правдина, но најважната одлика, според него, е тие луѓе тоа што го зборуваат да го прават на дела.

-Македонија во минатото во ’90 години владееја луѓе кои по правило она што ќе го кажеа на изборите не го спроведуваа, тоа го правеа само за да успеат да ги добијат гласовите на народот, од 2006-та година наваму на чело на владата е Никола Груевски кој ги смени видувањата на граѓаните кон политичарот. Јас не паметам од таа година наваму, тој човек она што ќе го вети да не го исполни, а притоа има ветено многу работи кои се исполнети. Како опозит на него имаме човек кој се што ќе каже, лаже. Човек за кој сме имале можност во општината да видиме што има направено, секојдневно слушаме луѓе како се жалат од работата на Заев. Тие се затрупани со ѓубре, каналите им се затнати, улиците раскопани. Дополнително Заев на било каков договор, дали меѓу политичарите, дали со народот тој отстапува. Потпиша договор со меѓународната заедница и отстапи. Од сето ова на луѓето ќе им биде лесно да изберат кој ќе ги предводи понатаму. Сите реалзирани проекти кои досега се направени се повеќе од гарант дека на наредните избори ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат реизбрани, вели Пандов во изјава за Курир.

Тој додава дека доколку СДСМ сепак направи некаква програма за изборите, тоа ќе биде само листа на желби.

-Од она што го имаа на располагање СДСМ како луѓе кои беа дел од партијата, а се разбираа од економија, или беа избркани од Зоран Заев или како што е последниот пример со професорот Ванчо Узунов, кој беше и потпретседател на СДСМ, самиот си поднесе оставка. СДСМ и да направи некаква програма тоа ќе биде листа на желби која нема да има никаков контакт со реалноста. Од друга страна имаме јасна книга со наведени проекти, конкретни рокови и изворите на средства за реализирање на истите, додава Пандов.

Во интервјуто за Нетпрес, премиерот Груевски истакна дека по завршувањето на кризата се враќа засилениот интензитет за реалзирање на ветените проекти.

-Сега откако сето тоа се надмина, се враќа интензитетот, се враќа притисокот од врвот, којшто се рефлектира по вертикала надолу, до целата администрација и работите ќе добијат онаква динамика, каква што јас посакувам и каква што мислам дека треба да има и каква што имаше до пред појавата на оваа криза. Инаку и за време на кризата, се одвиваа проектите, цело време останавме посветени на овие над 2.000 проекти, коишто ги имаме ветено во нашата програма, но сега тоа ќе биде со позајакнат интензитет, вели Груевски за Нетпрес.

Оптимизмот за нова изборна победа, премиерот го темели на довербара која граѓаните ја имаат во нив, поради нивната работа и испорака до граѓаните на ветените проекти.

-Ние држиме до дадениот збор. Ние имаме програма, којашто ја реализираме. Имавме и други власти во минатото. Ни[то од ова го немаше. Народот памети. Народот следи. Народот расудува. Тоа не значи дека сме идеални, дека немаме одредени грешки, дека немаме слабости, пропусти, дека нешто неможело поинаку, подобро, побрзо, дека некаде сме направиле некоја погрешна проценка. За среќа немаме стратешки грешки, грешки што неможе да се исправат, но во основа, неспоредливо подобро работиме од она што го има прикажано СДСМ и од она што тие го нудат кога излегуваат на избори. Значи тоа е тоа, ние знаеме видовме дека овој народ знае да расудува, дека знае да направи проценка, дека може да издржи се’. Може да издржи разни негативни, деструктивни однесувања на некого, нмо кога ќе дојдат неговите пет минути, а тоа е денот на избори, знае да направи прецизна проценка кој може да ја води државата напред со најдобра брзина на движење напред, со најдобар интензитет на проекти, на решавање на проблеми, на намалување на невработеност, на отворање на нови работни места, на одржување на стабиност во државата, на одговор на некои безбедносни предизвици коишто повремено доаѓаат, ние сме држава во еден таков регион во којшто повремено неминовно се соочуваме со одредени безбедносни предизвици, на оние коишто прават максимум за земјата да се придвижи и да стане членка на НАТО и на Европската унија. Тоа народот знае се’ добро да си го стави на кантар и кога ќе дојдат изборите да го направи чекорот што треба да го направи. Така што смирен сум и спокоен затоа што знам дека имаме народ што знае да одбере подобра програма и подобар тим, и врз основа на минатите искуства кој како работел, но и врз основа на новата понуда што доаѓа, додава премиерот Груевски во интервјуто за Нетпрес.

 

 

Оцени ја веста

20.07.2015 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега