Чадиев се сретна со претставници на исламската заедница од Велес

По повод празникот Рамазан Бајрам, веќе традиционално градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев денеска се сретна со претставници на Исламската верска заедница.
 
Чадиев честитајќи им го празникот на сите припадници од Исламската верска заедница, чиј број во општината е над девет илјади лица потсети дека соживотот меѓу сите националности е многу важен.
 
- Република Македонија е повеќенационална заедница и ние треба да се почитиваме и да си помагаме едни со други. Само така ги унапредуваме взаемните односи, потенцира Чадиев.
 
Нијазин Мустафовски, имам во Црна Џамија во Велес му се заблагодари на градоначалникот Чадиев за приемот и интересот и дпбрата соработката што Општината ја има со ИВЗ и со граѓаните од муслиманска вероисповед.
 

 

Оцени ја веста

20.07.2015 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега