Доделени концесии за изградба на две мали хидроелектрани на река Жеровница

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и претставник на друштво ХИДРОГЕН ЕНЕРЏИ ГРУП ДОО Скопје, денеска, потпишаа Договор за концесија за користење на вода и изградба на две мали хидроелектрани на река Жеровница.

Како што информираат од МЖСПП, доделувањето на концесии за користење на вода за производство за електрична енергија на оваа локација е во рамките на шестиот тендер за малихидроелектрични централи.

- По завршувањето на евалуацијата и усвојување на Извештајот на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија, Владата на Република Македонија ја донесе Одлуката за избор на најповолна понуда и за доделување на концесија за користење на вода од река Жеровница, со изградба на две хидроелектрични централи во група. Согласно оваа одлука избраниот понудувач Конзорциумот составен од ФЕРОИНВЕСТ ДОО СКОПЈЕ и ХИДРОГЕН ГРУП СКОПЈЕ основаше друштво за посебна намена „ХИДРОГЕН ЕНЕРГЏИ ГРУП” ДОО Скопје со кој е склучен Договорот за концесија за користење на вода и изградба на малите хидроелектрани Жировничка 5 и 6 со вкупна инсталирана моќност од 1239 киловати, соопшти МЖСПП.

Вкупната инвестициска вредност на проектите чини околу 2,5 милиони евра.

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа