ФОТО: Пристигна првиот лет од новата авионска линија Скопје-Нирнберг

Денес на аеродромот “Александар Велики” пристигнаа првите патници од ново воспоставената авионска директна линија Скопје – Нирнберг. Со овој лет од ново воспоставената директна линија, во Скопје пристигна и официјална делегација од градот Нирнберг, предводена од заменик градоначалникот на Нирнберг, Кристијан Фогел.

- Ми претставува чест што за првпат го посетувам Скопје, град со кој имаме долгогодишна одлична соработка. Се надевам дека оваа директна линија помеѓу Нирнберг и Скопје ќе допринесе за продлабочување на соработката помеѓу двата града, изјави заменик градоначалникот Фогел.

Делегацијата од Нирнберг на аеродромот “Александар Велики” ја пречека Секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски, кои им посака добредојде во Скопје. - Би сакал да посакам добредојде и добар престој на нашите гости од пријателскиот град Нирнберг, и на заменик градоначалникот на Нирнберг, Кристијан Фогел. Би сакал да им посакам добредојде и на Герхард Кругер, Почесен конзул на Баварија за Република Македонија, претставниците на Советот на Нирнберг, Насер Ахмед, Мак Хофкес и Елке Лео, како и Норберт Шургер, Раководител на службата за меѓународна соработка на Град Нирнберг.

Соработката на Скопје и Нирнберг трае повеќе од половина век, која започна во далечната 1963 година, кога овој град се вклучи во помошта за Скопје по катастрофалниот земјотрес. Скопје и Нирнберг го потпишаа договорот за збратимување во 1982 и соработката помеѓу двата града е на високо ниво, а истата е најзастапена во областа на културата, образованието, спортот и противпожарната заштита. Изминативе години во рамките на оваа соработка се реализирани голем број на работни посети на највисоко ниво, како и голем број на посети на уметници, музичари, ученици и студенти, кажа Тодоровски.

- Тодоровски изјави дека воведувањето на новата директна авионска линија Скопје- Нирнберг е позитивен чекор кои дополнително ќе ги подобри релациите на жителите на двата града. - Како никогаш досега жителите на двете држави имаат можност за мали финансиски средства да патуваат и да ги посетат државите, што се надеваме дека ќе ја продлабочи нашата соработка и пријателство. Сакам да ја искористам оваа прилика да ги поканам граѓаните на Нирнберг и Германија да ги искористат новите економични директни авионски линии и да го посетат Скопје и Македонија, каде ќе имаат можност подобро да се запознаат со нашата држава и главен град, култура, традиција, знаменитости, изјави Тодоровски.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега