Италијански компании заинтересирани за изградба на мали хидроцентрали во Македонија

 

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска оствари работна средба со амбасадорот на Италија Ернесто Масимо Белели.

На средбата, како што се наведува, се разговараше за состојбите со животната средина, како и за можностите за продлабочување на билатералната соработка во оваа област.

- Посебен акцент беше ставен на пројавениот интерес на италијанските компании за вложување во искористување на обновливите извори на енергија, поконкретно во изграбата на мали хидроцентрали, информира Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа