Добри вести: Следат два продолжени викенди

На средина од јули, следи продолжен викенд. За празникот Рамазан Бајрам кој се паѓа на 17 јули петок, сите граѓани на Македонија добиваат неработен ден. Тоа отвора можност да се направи спој со викендот и да се добијат три дена за летно уживање на некоја од плажите во Охрид, Дојран, Преспа или пак можеби на море или планина. 

Продолжен викенд можете да планирате и за Илинден. Бидејќи 2 август е во недела, понеделникот ќе биде неработен.

За сите граѓани на РМ

• 17 јули (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
• 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден
• 08 септември (вторник), Ден на независноста
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден
• 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (недела), Празникот на сите светци
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 24 септември (четврток), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 23 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик

 

 

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега