Важна вест за сите камионџии

Од денеска почнува примената на времениот режим на сообраќај на тешки товарни возила во викендите од летниот период на магистрален пат А2 делница: Скопје- Охрид- Скопје.

Забраната се однесува на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони. Режимот ќе трае до 1 септември, соопшти Автомотосојузот на  Македонија, повикувајќи се на информација на Министерството за транспорт и врски.

Оваа година има измена во временските интервали во однос на ограничувањето кое важеше минатите години, со цел да им се овозможи повеќе време за движење на тешките товарни возила.

Забраната ќе се однесува за време на викендите - во петок од 15 до 22 часот, во сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 7 до 22 часот.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега