Доаѓаат горештини: Уште утре дожд и следи пекол

Утре во Македонија  ќе биде променливо  облачно  со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од  дожд, наместа ќе бидат  проследени со ретки грмежи.

Врнежите повеќе ќе бидат застапени во источните и јужните делови на земјава, во крајниот југоисточен дел од земјава се очекува да наврнаат околу 10 литри на метар квадратен воден талог. 

Ќе  продолжи да дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура утре изутрина во земјава ќе се спушти во интервалот  од 9 до17, а највисоката дневна температура се очекува да се искачи  од  22 до околу  29 .

Во Скопје ќе преовладува  променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

 Утринската температура ке се спушти до 15 а дневната ќе достигне до околу 28 степени.

УВ индексот ќе има вредност 6.

Од четврток следува период на стабилно суво и потопло време., со слаб до умерен северен ветер а за време на викендот и идната недела се очекува вистински пекол со температури близу 40 степени.

 

 

 

 

Оцени ја веста

30.06.2015 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега