ФОТО: Додека членството се пече пред Влада, раководството на СДСМ ужива на плажа

Додека раководните луѓе на најголемата опозициска партија уживаат и се разладуваат на плажа, членството и партиските активисти дено-ноќно дежураат во кампот пред Владата играјќи марионетска улога во исполнувањето на наредбите од раководството на партијата.

Соросовите и партиски активисти на СДСМ веќе неколку недели протестираат пред Владата на Република Македонија, исполнувајќи ги наредбите од партиската централа. Додека тие опре­де­луваат рок по кој ќе во­ве­ле ра­ди­ка­лен от­пор ако не им се ис­пол­неле ба­ра­ња­та, раководството на СДСМ ужива по плажи и очигледно „ич око не им трепнува“ за нивните членови кои секојдневно беспоговорно ги следат директивите од раководството.

Таков е случајот со членот на Извршниот комитет на СДСМ и кандидат за прилепски градоначалник на минатите локални избори Хари Локвенец, кој според фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, деновиве ужива на плажа на барем засега непозната локација.

lokv

За разлика од Локвенец, членството на неговата партија кое одлучи да протестира пред Владата не може да ужива во луксузот кој си го допушта тој, туку по наредба на партијата мора секојдневно да го блокира булеварот пред Владата и да се пече на јунското сонце во импровизираните кампови. Истите оние кои во заложништво ја држат целата држава преку наметнатата политичка криза и земаат народни пари иако не се појавуваат на работа, очигледно немаат пречки летните денови да ги поминуваат  далеку од оние таканаречени “граѓани за Македонија“ кои секојдневно протестираат во нивно име.

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа