ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години наназад говори за страв на Груевски, а редовно губи на избори

Ниту една работа во СДСМ не се менува. Тие говорат за стравот на Груевски со години наназад, а редовно губат избори. Зборувајќи за Груевски, тие всушност цела деценија зборуваат за себе и за својот страв, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Еве да ги потсетиме СДСМ на дел од нивната реторика во поседните 5 години:

Соопштение на СДСМ од 24 март 2011 година- Излегувањето на избори без прецизно утврдени правила на игра, без општ консензус за истите од сите релевантни партии со демократски утврден легитимитет,значи само страв од моќта на гласачкото ливче, страв од демократската волја на народот. За жал Груевски повеќе не верува ни во сопствените зборови, не верува ни во сопствените анкети, а најмалку им верува на сопствените очи по огромната маса незадоволен народ кој му покажа црвен картон и јасно му порача ДОСТА Е – ВРЕМЕ Е ЗА ИЗБОРИ!

Гордан Георгиев на 13 мај 2011- Јасно е како ден груевски е исплашен од својот народ

Бранко Црвенковски на 22 јануари 2013-Ајде на избори народот нека реши, Груевски се плаши од народната казна. Тешка казна го чека. Груевски поарно казната да ја добиеш на демократски избори отколку на друг начин, за тебе ќе биде полошо.

Соопштение на СДСМ од 5 јануари 2011-Стравот од сопствениот народ толку ги има обземено Груевски и ВМРО-ДПМНЕ што го губат разумот и почнуваат да реагираат на секоја активност на СДСМ.

Соопштение на СДСМ од 28.05.2014- Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ панично бараат изговори за ситуацијата во којашто ја донесоа Македонија за време на нивното 8-годишно владеење.

Зоран Заев на 10 април 2014- Нека се одважи Груевски и нека се откаже од првото место на пратеничката листа, нека не се крие зад пратеничкиот имунитет ако се чувствува исправен пред македонските граѓани.

Реченицата  дека во очите на Груевски се гледа страв, СДСМ ја кажуваат во последниве 5 години и од тогаш до денес 3 пати изгубија на избори. Ќе изгубат и следниот пат. Зоран Заев го знае тоа. Затоа е избезумен.

СДСМ продолжува да манипулира со бројката на иселени лица од Македонија, иако знаат дека затворањето и грабежот на фабриките кои што тие го направија е главната причина. Ако се иселиле 250 илјади млади за неколку години,  тоа значи 250 илјади семејства имаат по еден член помалку, односно секој 5-ти кој што го познаваме треба да е иселен. Тоа е ноторна глупост и таа манипулативна бројка е само показател за површноста, несериозноста и простотилакот на СДСМ.

Веројатно бројката ја помешале со 200 илјади евра барањето мито на криминалецот Заев од бизнисмен или 300 илјади евра киријата на перачот на пари Шекеринска или пак 300 илјади евра бизнис за младиот, но надежен криминалец Дамјан Манчевски или непостоечките кирии на златарот Шилегов од фирмите на негова адреса.

Веројатно направиле некој пресек од ова и дошле до бројка 250 илјади без воопшто да размислат дека тоа се коси со секоја здрава логика и дека народот мисли со своја глава и вакви глупости не проаѓаат.

А за тоа кој има страв најдобро кажуваат невештите обиди на СДСМ по секоја цена да ги одложат изборите, бидејќи немаат што да им понудат на граѓаните освен лаги, манипулации и креирани материјали.

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа