Груевски: Не очекува голема победа на следните избори

Не чекаат уште едни избори и уште една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе бидат избори во кои Македонија ќе испрати голема порака, рече премиерот Никола Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Порака, дека е премногу созреана за обични шибицери да ја прелажат. Историски избори кои никој несмее да ги пропушти. Не е во прашање Заев или Груевски. Во прашање е потценеттата интелегенција на цел еден народ. Во прашање е валкана игра, која ако не се сосечи со референдусмко гласање против инструментот СДСМ кој ја создаде кризата, ќе стане пракса, стил на живот, стил на владаеење, ќе стане иднина на Македонија.Ќе стане правило со измама, интрига и манипулација да се освои власт, а не со работа, реформи, дела и држење до дадениот збор. Ние сите ќе извлечеме поука од сето ова, и ќе ги корегираме сопствените грешки, или барем најгоелем дел од нив.Неодамна предложените препораки на ЕУ ќе ни помогнат во тој наш следен напор, рече Груевски.

Тој нагласи дека стратешка грешка ќе биде ако не се порази до патос,оној кој одработувајки зададена задача, и борејки се без заслуга да дојде на власт, рушејки го тешко градениот имиџ и углед на земјата, поигрувајки си со чуствата на 2 милиони луѓе, се обидува незаслужено и со измама да се добере до власт. Власт по секоја цена. Груевски нагласи дека тоа не смее и нема да се дозволи.

-Јас го знам тоа. Тоа е цела онаа лузерска и криминогена екипа на СДСМ собрана околу Заев, заклучи Груевски. 

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега