Владата со нова мерка ќе ги стимулира студентите

Дозволете денес да соопштам дека владата планира уште една мерка која ќе ги стимулира студентите да се борат преку учење и знаење да бидат меѓу најдобрите и најквалитетните, рече премиерот Никола Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-  Таа стимулативна мерка предвидува, за оние студенти на државните универзитети кои ќе имаат најдобар успех во студирањето, поточно кои дипломирале со просек над 9.50 на еден од првите три највиисоко рангирани универзитети во Македонија, владата секоја година ќе обезбеди наградно патување со авион во една од трите најатрактивни дестинации Парис, Венеција или Барцелона, со целосно покриени трошоци за авионски билет, покриени хотелски трошоци и исхрана. Релизацијата ќе почне од септември или октомври оваа година. Тие што најмногу ќе вложат труд и ќе покажат најдобри резултати, ќе добијат и екстра награда од владата, рече Груевски. 

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега