Груевски: Се отворија над 140 илјади нови работни места

Се отворија над 140 илјади нови работни места во Македонија во последните 8 години, рече премиерот Никола Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

- Со последниот проект, Македонија вработува, младите се опфатени во посебна група до 35 години,за чие вработување работодавачот не само што во период од 3 години нема да плаќа никакви придонеси, туку нема да плаќа ни персонален данок на доход, но со обрвска потоа да ги задржи најмалку уште една година.На ова мерка претходеше слична една година претходно, преку која работа добија 8117....млади луѓе до 29 години за само една година. Со новата мерка до 35 години, заедно со старата до 29 години, за помалку од 2 месеци се вработија над 1700 млади луѓе половина со старата мерка до 29 години која сеуште трае, околу половина со новата мерка до 35 години, која е дел од големиот проект Македонија вработува, и тоа само до оваа возраст, рече Груевски.

Севкупно, нагласи премиерот, за помалку од два месеци преку проектот Македонија вработува се вработија вкупно 2612 лица.

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега