Груевски: Изградивме 70 нови училишта и над 350 темелно реконструиравме

-Ставивме ред во студентските домови, и точни критериуми за прием, со огромни казни за раководството доколку ги прекрши.Вложивме 42 милиони евра и со нив изградивме 70 нови училишта а над 350 темелно ги реконструиравме, рече премиерот Никола Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Изградивме над 80 нови спортски сали, 50 игралишта за голем фудбал, се градат 120 тениски терени терени од кои околу половина се завршени, се градат и 100 мултифункционални игралишта, од кои над пола се завршени.Се овозможи и градба на големи спортски сали за големи собирања како Борис Трајковски и Јане Сандански, но и националната арена Филип Втори Македонски. Се градеа и се градат станови за млади брачни парови по повластени цени. Се спроведе проект со кој во одредени денови младите луѓе имаат бесплатен пристап во културните институции и јавниот превоз со воз и со градски автобус.Паднаа акцизите и царините, па илјадници млади луѓе дојдоа до автомобил, рече Груевски. 

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега