Груевски: Вложивме многу во образованието на младите

Вложивме многу во образованието на младите. Најправин од финасиска гледна точка, дадовме шанса на сите млади да се образуваат. Средното образование стана задолжително но и бесплатно, и сериозно ја нмаливме партиципацијата за државните универзитети, рече премиерот Никола Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

- Родителите веќе не купуваат учебници за децата, а приклучувајки се на Кембрич програмата ги воведуваме едни од најквалитетните учебници во светот за основното а потоа и за средното образование.Сериозно работиме на концептот со кој наскоро ќе се воведат и посебни квоти за бесплатно студирање на втор и трет циклус за оние кои се со пониски примања, рече Груевски.

Премиерот нагласи дека се обезбедија најквалитетните книги и учебници од кои се учи на највисоко рангираните универзитети низ светот преку проектот 1000/1200 книги.Владата набави стотина најсовремени лабаратории за поквалитетна настава на универзитетите.

-Се отворија факултети и универзитети во внатрешноста на земјата, и се дисперзираа многу факултети низ градовите, со цел да се поблиску до младите и да имаат избор. За оние кои ќе ги прифатат на 100 те најдобри универзитети во светот обезбедивме целосни стипендии. Кога порано го имало сето ова во Македонија? Никогаш. Обезбедивме компјутери или таблети со тастатури за илјадници и илјадници студенти, што многу им значеше, особено на оние чии родители се со пониски примања, рече Груевски.

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега