Груевски: Направивме многу за младите во Македонија

Заедно направивме многу за Македонија, и особено за младите во Македонија.  Успеавме во напорите за укинување на визната либерализација, и денес секој млад човек може непречено да се движи низ Европа без визни ограничувања, рече премиерот Никола Груевски во обраќањето на годишната конференција на УМС.

-Донесовме ниско тарифни авио компании со кои илјаници млади луѓе за 20-30 евра можат да патуваат кон најатрактивните дестинации низ Европа и пошироко. Младите брачни парови кои планираат три или повеќе деца во семејството веќе од 2008-мата добија сериозна државна финасиска поткрепа, а првите резултати од тоа иако во мал обем веќе стасуваат. Годинава, по подолг надолен тренд, кога на училиште почнаа да одат токму оние кои се родија кога владата ја донесе оваа мерка и политики, во прво оделени се запишаа 1.116 повеќе деца од минатата.Се враќа надежта кога зборуваме за македонската демографија, иако не чека тежок пат на ова поле, имајки во предвид дека на ред доаѓаат генерации со пониска фертална база, рече Груевски.

Премиерот потсети дека новата мерка на владата за стимулирање на вработувањата наречена Македонија вработува, се издвои посебна категорија за која работодавачот пет години нема да плаќа придонеси со обврска да ги задржи уште една-тоа се невработени од семејства со три или повеќе деца, што значи овие луѓе, овие семејства ќе станат поатрактивни за работодавачите во иднина.

-Се даде можност и за подолго неплатено породилно боледување од  три месеци кое може да се искористи до возраст на детето од три години, до кога мајаката е и здравствено осигурана,а од годинава воведовме и подолгоплатено породилно отсуство за мајки кои ќе родат две, три или повеќе деца истовремено, и за нив го зголемивме на 15 месеци породилното отсуство, рече Груевски.

Груевски рече дека се дадоа нови можности, стимулирање и подршка на младите земјоделци.

-Владата преку реализација на овој проект само оваа година ќе исплати 1.340.000 евра, односно по 10 илјади евра за секој млад земјоделец кој ги исполнува условите.Имено договорите за оваа година се склучени.Сега останува на земјоделците да ги реализираат планираните инвестиции според планот и да достават документи до платежната агенција за да им се повратат во целост инвестираните средства до 10 илјади евра. Ова е одлична можност за луѓето кои сакаат да започнат со производство и добра можност за отпочнување на сопствен земјоделски бизнис.Продолжуваме со истата мерка и следната година со апел, што повеќе млади луѓе кои сакаат да ја искористат оваа мерка да се информираат и вклучат, рече Груевски.

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега